Почитувани,

Дигитализацијата стана дел од нашето ново секојдневие и повеќето од нас веќе функционираат онлајн: работат непречено од дома, одржуваат виртуелни состаноци, видео конференции или обуки, се информираат, едуцираат или едноставно комуницираат со своите најблиски.

Со изборот на дигиталните решенија и современата технологија денес не постојат никакви ограничувања, комуникацијата продолжува непречено и безбедно, независно од далечината. Сепак, во услови кога сите функционираме преку јавна интернет мрежа, од исклучителна важност е секоја интеракција да биде безбедна и сигурна.

Оттука, Panda Security од Мадрид, Шпанија, во соработка со Македонски Телеком, обезбедуваат Panda DOME Advanced антивирус лиценца која претставува совршена платформа за сите корисници која овозможува заштита и поголема интернет безбедност.

Panda DOME Advanced платформата е совршено решение за сите оние коишто секојдневно функционираат онлајн, при што ефикасно можат да го заштитат својот мобилен уред или домашниот компјутер од вируси, како и да управуваат со времето и содржините до кои пристапуваат во интернет просторот.

Антивирус лиценцата е во траење од 90 дена, без дополнителен надоместок и може да се преземе од веб страницата: http://panda.telekom.mk

За да се инсталира и активира лиценцата, потребно е Вашите кориснички уреди да ги имаат следниве карактеристики:

Windows - Минимална конфигурација:

  • OS: Windows 10 | 8.1 | 8 | 7 | Vista (32 and 64 bits), XP (32 bits) SP3 or later
  • RAM: 256 MB
  • Hard Disk: 240 MB free space

Macintosh - Минимална конфигурација:

  • OS: Mac OSX 10.10 or higher
  • Processor: Intel® Core™ 2 Duo or higher
  • Hard Disk: 200 MB free space

Android – Сите верзии

iOS - Сите верзии

Ве молиме проверете ги овие минимум карактеристики кај вашите уреди на кои планирате да го инсталирате и користите безбедносниот софтвер.

Доколку тие ги пoседуваат соодветните карактеристики, Ве молиме внесете ја Вашата е-адреса.

Адресата ќе се користи исклучиво за проследување на инструкциите за инсталација и активирање на платформата која обезбедува антивирусна заштита.